Целосно чистење и санација на старата градска депонија Вардариште

Сподели

 

Градоначалничката Данела Арсовска соопшти дека за првпат по 60 години се отпочна со целосно чистење и санација на старата градска депонија Вардариште, со што ќе се стави крај на една од најголемите опасности по животот и здравјето на граѓаните во Скопје.
 
“Во студијата изготвена за градот Скопје во 2014 година, која беше игнорирана од двајца претходни градоначалници беше констатирано со примероци од подземна вода, отпад од телото на депонијата и присутните гасови, дека депонијата е во метанска стабилна фаза, а согласно гантограмот од динамиката на работите, времето за реализација на еден ваков комплексен проект изнесува 26 месеци, изјави Арсовска.
 
 
 
 
Со варијантата со која би се задржале далноводите на својата местоположба, се прави заштитен појас од 12 метри лево и десно, по што следи изградба на спортски игралишта, одвоено од остатокот на локацијата со зелена зона со високо зеленило. На северозападната страна планирани се дополнителни спортски содржини и терени, за централниот и североисточниот дел расад на рози, а за јужната страна изградба на парк на 60 илјади метри квадратни.
 
Со заедничка активност на Градот Скопје и јавните претпријатија Комунална хигиена Скопје, Улици и патишта, Паркови и зеленило и сите расположливи ресурси на градот, ставаме крај на оваа депонија.
 
На местото на депонијата ќе биде изграден голем спортски комплекс со спортско-рекреативни содржини и терени како и нов мега парк. Оваа локација од место кое е опасно по здравјето на граѓаните градот Скопје ќе ја претвори во локација за спорт и рекреација која ќе влијае позитивно на здравјето на граѓаните и ќе го подобри квалитетот на живот” – додаде Данела Арсовска,