Претседателот Зоран Заев ќе биде меѓу граѓаните на општините Валандово, Дојран и Богданци, а вечерва ќе учествува на граѓанска трибина и промоција на кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници на општина Гевгелија кај паркингот зад нов пазар (улица Саво Михајлов) со почеток во 20.00 часот, каде ќе има и свое обраќање.
Вториот караван денеска ќе биде во општина Центар, каде заменик претседателката Сања Лукаревска ќе се обрати на граѓанска трибина со почеток во 18.30 часот на локацијата Сквер Јадран.