ЦЈЗ Битола со лабораторија која прави анализи и за ковид-19

Сподели

 

“Во ЦЈЗ Битола ја ставивме во функција и лабораторијата која сега прави анализи и за ковид-19.

 

 

Ова е голема придобивка, затоа што опслужува поголем број на граѓани. Сите мои колеги се на висина на задачата. Пожртвувано 24 часа се на работа и на повик, целосно на располагање на пациентите за да ја добијат соодветната здравствена услуга.

 

 

При денешната посета на Клиничката болница и Центарот за јавно здравје во Битола разговаравме со колегите лекари и медицински сестри за бројните предизвици со кои се соочуваат, начините на коишто тие можат да се надминат, сè со цел здравствената услуга да биде на соодветно ниво” – изјави министерот Венко Филипче.