Црвениот крст на РСМ денеска испрати камион со помош наменета за населението од подрачјата погодени од војната во Украина.
Помошта се состои во 1200 пакети со храна и 400 пакети со хигиенски производи.
Црвениот крст исто така се грижи и за граѓани од Украина кои престојуваат во нашата земја. Засега се евидентирани 307 лица на кои претежно Црвениот крст се грижи за нивните основни потреби – облека, храна, средства за хигиена, здравствени услуги и изучување јазик.
Црвениот крст со свој потенцијал може да даде поддршка за лицата од Украина кои престојуваат во нашата земјава до крајот на летото. Исто така воведе и курсеви по македонски јазик за заинтересирани граѓани од Украина кои престојуваат тука. Досега се пријавени 37 од кои 20 деца и 17 возрасни. За време на летниот период се планира во една смена одмор и за децата од Украина во одморалиште во Струга.
Ова е втора пратка хуманитарна помош за граѓаните во Украина, а пред неколку дена беше пратена помала количина помош во збирна пратка, а ова е една комплетна пратка. Претходно беа пратени 400 пакети со хигиена, значи вкупната помош која досега ја праќаме во Украина е 1200 пакети храна и 800 пакети со хигиена во вредност од 3.290.000 денари, обезбедена од граѓани, од компании, како и од резервите на Црвениот крст на РСМ изјави Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ д-р Саит Саити.