Црвениот крст организира Државен натпревар по прва помош

Сподели

 

Црвен крст на Република Северна Македонија на 23 септември 2023 година во Велес ќе го организира 29-от по ред Државен натпревар на екипите по прва помош. Оваа година Државниот натпревар по прва помош ќе се одржи под мотото “Првата помош спасува живот”.
 
На државниот натпревар по прва помош учество ќе земат 30 екипи, каде натпреварот ќе се одвива во две траектории. На секоја траекторија ќе има по 5 работни позиции по првата помош на кои ќе бидат опфатени 13 повреди и една реанимација за срцево-белодробно оживување.
 
Свеченото отворање на Државниот натпревар на екипите по прва помош ќе биде во Амфитеатар Младински парк во периодот од 10:00 – 10:20 часот, натпреварот ќе се одвива од 10:30 – 16:00 часот и прогласување на победници ќе биде од 17:00-17:30 часот во Амфитеатар Младински парк.