Од денеска, градот Охрид и државата, и формално, ќе го добијат едно од најмодерните средно-стручни училишта во земјата, но, и пошироко – реконструрираниот и рехабилитиран Регионален центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошевски“, вели неговиот директор, професорот Марјан Радески.
При неодамнешната посета на училиштето, со цел да се забрзаат завршните работи, со сличен став, се огласи и миниастерката за образование и наука, професор д-р Весна Јаневска, која, апострофираше, дека, училиштето ќе биде трансформирано во модерна установа што ќе ги стимулира младите да одбираат стручно образование и добро ќе ги подготвува за настап на пазарот на трудот.
Покрај модерни простории за образовна и стручна работа на учениците (вкупно 250), како, училници со озвучување и сензори за дојава на пожар, кујна, кабинети, ресторан и слично, во реконструирани и рехабилиотирани простории, влегува и наставниот кадар.
Исто така, во рамките на Центарот, е и Домот за сместување, атрактивен и со самата позиција – на првата крајезерска линија, со вкупно 120 легла во 40 преуредени соби, со комплетно нова инсталација, електрична и водоводна, нови купатила и слично. Станува збор за позамашна инвестиција на Министерството, која, досега, го дистигна износот од милион и 700 илјади евра, меѓутоа, сумата, ќе биде поголема, бидејќи, во годинешната програма на Министерството за спорт, влезен е и проектот за уредување на спортските терени објекти.
Со сето тоа, градот и државата, добиваат образовен комплекс според европски стандарди, кој, иако е наменет за образование на деца од Западна Македонија, ги надминува границите, бидејќи, тука, се школуваат и деца од соседна Албанија.
– Кога зборуваме за карактеристиките на Центарот, треба да се спомене дека со зафатот, отстранет е, здравствено штетниот азбестен покрив и заменет е со лимен, заменета е и комплетната столарија, заедно со енергетски ефикасна фасада, додека сончевите панели ќе значат голема заштеда од електрична енергија, објаснува директорот Радески.
Овој образовен објект, доби нов современ изглед, со впечатливо партнерно уредување, паркинг простор, осветлена околина, а, со сето тоа, на овој крајезерски простор, ја разубави и сликата пред соседот – Факултетот за угостителство и туризам. Од Центарот не го заборавија и народниот херој од антифашистичката и ослободителна војна, Ванчо Питошески, чије име го носат, а во партнерниот протсор, му подигнаа Спомен обележје со биста.
Поради обемниот градежен зафат, наставата периодов наназад се одвиваше главно online, но резултатите во воспитно – образовниот процес, сепак не изостанаа. Напротив, од сите натпревари, учениците се враќаа со освоени награди. Колку за илустрација, на последниот натпревар по угостителство и туризам – готвачи, „Young Cheff Struga“, учениците: Никита Мишевски, Валентин Матоски и Фикрет Шаќироски, под менторство на професорот Војо Ангелоски, ги освоија првите места во сите категории: ладно предјадење од риба, главно јадење од риба и десерт по желба. Во меѓувреме, беа успешни домаќини, но и победници во повеќе категории, на Меѓународниот натпревар на ученици од угостителски и туристички училишта (GATUS 2023), од земјите на поранешна Југославија. (Крај)