Во рамките на истрагата против структурите на терористичката организација ФЕТО во медиумите, во Турција е донесена одлука за приведување на 35 осомничени лица за кои е утврдено дека го користеле системот за шифрирана комуникација “ByLock” (Бајлок), јавува Anadolu Agency (AA).
Истрагата на Канцеларијата за тероризам и организиран криминал на Обвинителство во Истанбул се спроведува во согласност со исказите и со новите докази. Во овие рамки, донесена е одлука за приведување на 35 лица поради “членување во вооружена терористичка организација”.
Полицските екипи спроведуваат акции на адресите на 35 осомничени лица.
Приведени се и неколкумина осомничени, меѓу кои се наоѓа и уредникот на весникот “Биргун”, Бурак Екиџи.