Турција очекува позитивни резултати од разговорите со ЕУ за безвизниот режим

Сподели

eu-turcija
Турција во следните неколку дена очекува да има позитивни резултати од разговорите со Европската Унија за безвизен режим за турските граѓани, јавува агенцијата „Ројтерс“.

Договорот за давање на можност за безвизно патување во Европа, во замена за одвраќање на протокот на мигранти во ЕУ е во ќор сокак поради тоа што Европа смета дека турските антитерористички закони се премногу општо формулирани.

Ибрахим Калин, портпаролот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, изјавил дека ЕУ не треба да бара Турција да го намали капацитетот за борба против тероризмот.

Турција очекува позитивни резултати од разговорите со ЕУ за безвизниот режим