Турција: Во притвор осомничени за терористичкиот напад во Истанбул

Сподели

Судот во Истанбул во петокот донесе одлука за притвор за две лица осомничени за вмешаност во терористичкиот напади во Истанбул, извршен за време на новогодишната ноќ во клубот Реина во Oртакој, јавува Anadolu Agency (AA).

Откако дадоа изјава, Судот донесе одлука за апсење на осомничените за врска со терористичкиот напад во Истанбул.

Станува збор за Омар Асим и Aбулезиј Aбудулхамит, државјани на Кина, кои се осомничени за тероризам, членување во терористичка организација, обид за нарушување на уставниот поредок и соучество во убиство на 39 лица.

И двајцата се поврзани со терористичка ДЕАШ и со напаѓачот Абу Мухамед Ел Хорасани кој на новогодишната ноќ во Истанбул во клубот Реина уби 39 лица, а рани уште десетици лица. Омар Асим претходно имал изнајмено стан во градот Коња, заедно со напаѓачот.

Терористите кои го извршиле нападот во Истанбул, од Коња дошол на 15 декември минатата година. На истиот датум горенаведените лица се лишани од слобода по праќањето на сомнителен пакет од Коња во Истанбул, каде што е утврдено дека во него се наоѓа пиштол.