Турција забрани издавање визи на државјаните на САД

Сподели

Амбасадата на Турција во Вашингтон, во сите дипломатски мисии во Соединетите Американски Држави (САД) ги суспендираше сите процедури во врска со издавањето визи на државјаните на САД, јавува Anadolu Agency (AA).

„Неодамнешните настани ја присилија Владата на Турција повторно да ја разгледа посветеноста на владата на САД за безбедноста на објектите и персоналот на турските дипломатски мисии. Во текот на процесот на евалуацијата, процедурите во врска со издавањето визи на државјаните на САД во сите наши мисии во Соединетите Американски Држави се запрени, за да се намали бројот на посетители на нашата амбасада и генералните конзулати во САД”, соопштено е од Амбасадата на Турција во Вашингтон.

Во соопштението се наведува дека со оваа одлука е опфатено и издавањето визи на граничните премини како и е-Виза.

Претходно американската амбасада соопшти дека суспендира издавање визи во сите неимигрантски барања во сите дипломатски претставништва во Турција, за да бројот на посетителите во мисиите биде сведен на минимум.

Со истрагата за заговор која 17-25 декември 2013. година во Турција ја изведе оружената терористичка организација ФЕТО, утврдено е дека службеник на Генералниот конзулат на САД во Истанбул, Метин Топуз, беше во контакт со обвинетите поранешни директори на полицијата и поранешен обвинител, кој сеуште е во бегство, Зекерија Оз.

Топуз по налог на Обвинителството во Истанбул е уапсен поради обид за рушење на уставен поредок, шпиунажа и обид за рушење на Владата на Република Турција.

По апсењето на Топуз следуваше реакцијата на САД. Во одговорот на таа реакција, Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека на 25. септември 2017 година, од слобода лишениот, не е на официјалната листа на персоналот на конзулатот на САД, како и дека нема никаков дипломатски или конзуларен имунитет или погодност.