„Повеќето земји сакаа да се отворат преговори со Македонија и Албанија, но на крајот беше решено ова прашање да се остави за следниот Самит во Загреб, што ќе се одржи во мај 2020. Македонија и Албанија не треба да се обвинуваат себеси за тоа. Двете земји исполнија што баравме од нив и тука особено би го истакнал Преспанскиот договор, кој е исклучително постигнување.”
„Ве молам не се откажувајте. Целосно ја разбирам вашата фрустрација, зашто вие го направивте вашиот дел, а ние не. ЕУ е комплексен политички субјект и навистина понекогаш ѝ треба предолго да одлучи, но апсолутно немам сомнеж дека еден ден ќе станете полноправни членки на ЕУ“,- изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.