Граѓани на социјалните мрежи реагираат на најавената „граѓанска прослава“ на Владата по повод поканата за почеток на пристапните преговори за членство во НАТО. Прославата ќе се одржи во сабота во 15 градови.
Граѓани револтирано прашуваат колку чини прославата и кој ќе го плати хонорарот на учесниците, а дел од нив владеењето на СДСМ и организацијата на прослави го споредија со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.