УЈП го продолжи рокот за поднесување на ДДВ-04 пријави до 28 април

Сподели

 

Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите за три работни дена.

Крајниот рок за поднесување на овие даночни пријави за даночните периоди од 01.01.2023 – 31.03.2023 и за 01.03.2023 – 31.03.2023 година од месечните и тримесечните обврзници за ДДВ наместо 25, ќе се смета 28 април.

Поместувањето на терминот е направено поради повеќето неработни денови во текот на овој месец. Според објаснувањето од УЈП, рокот е продолжен согласно Законот за даночна постапка, а со цел да се одбегне евентуалното отежнато поднесување на даночните пријави преку системот е-Даноци.