УКИМ се обврза да се отстранат дискриминаторските содржини во учебниците

Сподели

Ректоратот на УКИМ прифатил во Правилникот за организирање на издавачка дејност да се внесе одредба за забрана за употреба на учебници кои не се во согласност со македонскиот Устав, или кои на некаков начин ги повредуваат правата и еднаквоста на граѓаните, информираат од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.

Ова следува по преставката на Коалицијата СЗПМЗ до Народниот правобранител во врска со дискриминаторски и вознемирувачки содржини кон ЛГБТ лицата, лицата кои употребуваат дроги  и лицата кои живеат со ХИВ, во учебниците: „Социјална патологија“ од авторите Зоран Сулејманов и Нелко Стојановски; „Психологија на детството и адолесценцијата – развојна психологија I“; „Психологија на возрасните и стареењето – развојна психологја II“ и „Психологија на родот: родовиот идентитет и родовите улоги“ на авторката Олга Мурџева-Шкариќ.

Народниот правобранител утврдил дека „спорните текстови не се во склад и не соодветствуваат на сегашната домашна и меѓународна регулатива, односно дека истите се застарени, полни со предрасуди и стереотипи кои се неприфатливи за едно модерно и демократско општество“, по што побарал до Ректоратот промена на Правилникот за организирање на издавачка дејност.

radiomof.mk