Украсена подводна елка на дното на Охридско Езеро пoсветена на децата со ретки болести

Сподели

 

Нуркачите на Нуркачкиот центар “Амфора” и Клубот за подводни активности “Охрид” годинава по 17 -ти пат  ја поставија  и украсија подводната новогодишна елка на дното на Охридското Eзеро кај Заливот на коските – Градиште.

 

 

На еден редок и уникатен начин тие своите новогодишни честитки ги упатуваат до децата со ретки болести на кои им ја посветуваат оваа ретка подводна новогодишна елка.

 

 

Со желби за добро здравје, навремена дијагноза и достапност на лековите кои значат живот за децата со ретки болести по трет пат годиниве им ја посветуваме оваа елка токму нив, бидејки  во нивниот живот полн со предизвици  им е најпотребна нашата поддршка. Настанот на китење на подводната елка како една своедвидна атракција има големо значење за промоцијата на Охрид и претставува уште една причина да се посети Музејот на Вода – изјави Јован Секулоски, претседател на Амфора.

 

 

Благодарност до моите сограгани за несебчната поддршка која ми ја даваат годиниве .Мојата желба е повеке слух од институциите за пациентите со ретки болести и усвојување нацрт документот за Национална страегија за ретки болести од страна на владата на РСМ со која ке се унапредат политиките за грижа  на овој тип на пациенти – изјава  Лолеска Гордана граѓански активист и член на здружението на грагани со ретки болести “Живот со предизвици”.

 

 

denesmagazin.mk