Чифте амам, Уметност за сите „Јас и ти, едно сме“, 4.декември
Развојот на личноста е интегрален и долготраен процес, кој опфаќа широка лепеза на воспитни и образовни процеси уште од најрана возраст, кој започнува од родителскиот дом, преку образовните институциите, како и влијанието што го имаат институциите од културата.
Оттаму, четвртата активност од проектот „Уметност за сите“ е во знакот на социјалната инклузија, односно младите од редовната настава да развиваат меѓусебни односи со децата со попреченост. На тој начин тие ја еманципираат личноста, развиваат поголем степен на толеранција и грижа едни за други. Еден од најважните елементи на социјалната инклузија е формирањето нови пријателства и одржувањето на истите, како што се случи на овие креативни работилници помеѓу децата од учлиштето за оштетен слух и говор ДУЦОР „Партенија Зографски“ и учениците од паралелката за меѓународна матура од СУГС Гимназија „Јосип Броз-Тито“.
Резултат на овие креативни работилници се изработените чадори насликани со различни мотиви, комбинирани со копчиња, конци, сите толку посебни и оригинални! Естетиката и уметничката вредност на овие креации е секогаш во втор план, идејата е да научиме повеќе едни за други на најзабавен начин, да го говориме јазикот на љубовта и желбите и потребите на другиот понекогаш да се поважни од личните.

Само на тој начин и најсилниот ветар и најголемиот дожд не можат да им го земат чадорот што го носат овие млади луѓе бидејќи Тие, Вие, Ние…Јас и Ти, ЕДНО СМЕ!
М-р Маја Димитрова, Координатор на проектот „Уметност за сите“