УНЕСКО: Конкурс за професионални фотографи

Сподели

УНЕСКО ги поканува професионалните фотографи од целиот свет да испратат примероци од нивните најдобри фотографии кои илустрираат новинари додека ја вршат нивната работа, особено во однос на прашањата на безбедноста на новинарите и неказнивоста на кривичните дела против нив.

УНЕСКО бара слики кои илустрираат новинари додека работат во различни ситуации, на пример, меѓународни и/или локални новинари додека покриваат демонстрации, судења, значајни јавни настани, истраги за корупција, граѓански новинари, новинари вметнати во полицијата или војската, новинари кои известуваат од конфликтни зони, новинари во оклопни возила или пред медиумски куќи со заштита, или други ситуации во кои новинари, влучувајќи и жени, се наоѓаат во чувствителна професионална ситуација.

Како агенција на Обединетите Нации со посебен мандат за промовирање на „слободниот проток на идеи преку зборови и слики“, УНЕСКО има за цел да ја промовира слободата на изразувањето и слободата на печатот, да ја зајакне безбедноста на новинарите и да го адресира проблемот со неказнивоста, во рамките на Акцискиот план на Обединетите нации за безбедност на новинарите и прашањето на неказнивост. Безбедноста на новинарите и борбата против неказнивоста се централни елементи на поддршката на слободата на изразувањето и слободата на печатот. Во просек, на секои четири дена еден новинар е убиен заради откривање информации во јавност. Во изминатите 10 години, 827 новинари се убиени, според статистиката на УНЕСКО.

Избраните фотографии ќе помогнат да се подигне свеста за работните услови на новинарите и да се илустрираат активностите и програмите кои ќе придонесат кон безбедноста на новинарите и борбата против неказнивоста.

Фотографиите ќе бидат избрани врз основа на нивната уметничка, креативна и оригинална содржина. УНЕСКО ќе воспостави контакт со фотографиите и ќе ги откупи избраните фотографии, при што УНЕСКО ќе ги добие неексклузивните права на избраните фотографии.

Услови за понудите:

  • Максимум 12 фотографии;
  • Во боја, минумум резолуција: 350 dpi, минимум големина: A4;
  • Опис на англиски или француски јазик на секоја фотографија со информации (место, време, тема);
  • Цена по фотографија.

Предложените фотографии испратете ги на Michelle Salomons: m.salomons@unesco.org.

Краен рок за аплицирање 17:00 (GMT) на 15 април 2017.