Во првиот натпревар од групата Ф, на Европското фудбалско првенство што се одржува во Франција, Унгарија ја победи Австрија со 2:0 и по пауза од 44 години повторно стигна до победа на континенталните собири.
На средбата во Бордо, иако во првиот дел Австријците беа поконкретни, сепак во второто полувреме, Унгарците преку два брзи контра напади постигнаа голови.
Најнапред, Адам Салај со погодокот во 63-минута им донесе предност од 1:0 на унгарците, а само три минути подоцна, Австрија остана со играч помалку откако Александар Драговиќ заработи втор жолт картон, и предвреме го заврши натпреварот.
Тоа го искористи Унгарија, па преку Золтан Штибер во 87-минута стигна до вториот гол за конечни 2:0 и освојување на трите бода во оваа група.
Инсерти од мечот…
The post Унгарија го победи соседот Австрија со 2-0 по 44 години без учество на ЕП appeared first on Спорти.
Source: Sporty