УНИЦЕФ: “Вклучи се и ти!”

Сподели

Во следните две недели, адолесцентите и младите ширум земјата ќе имаат можност да учествуваат во развојот на новата Рамка за соработка за одржлив развој (РСОР) 2026 – 2030 година.

РСОР е најважниот стратешки документ на Обединетите нации во земјата бидејќи ќе ја води работата на сите агенции на ОН во следните пет години.

Сакаме да ги слушнеме вашите идеи, ставови и мислења на важни теми како вработување, насилство, животната средина и други, објавија од УНИЦЕФ МК.

Прашалникот е достапен преку UReport MK:

1️⃣ Пронајдете го UReport MК каналот на Вибер или директно преку линкот: https://chats.viber.com/ureportmk
2️⃣ Испратете порака СТАРТ за да го активирате прашалникот.