Да се израсне и воспита дете е едно од највредните искуства, но истовремено може да биде и многу тешко.
УНИЦЕФ е тука да ве поддржи со совети за тоа како најдобро да се грижите за вашето дете, но и за себеси.
Сите го сакаме најдоброто за нашите деца, но да се биде родител не е секогаш лесно, а за многумина родителството не е инстинктивно.
Овде ќе најдете корисни и проверени извори и совети од домашни и меѓународни експерти кои ќе ви помогнат во секојдневните предизвици и ќе ве водат низ важните родителски одлуки од најраните моменти до адолесценцијата.
Кога родителите ќе се поддржат да воспитуваат деца што веруваат во себе, кои се истрајни, покажуваат емпатија, знаат како да се справат со разочарувањата и умеат да учат и да откриваат нови работи – тогаш ние создаваме циклус на меѓучовечка поврзаност, како и просперитетни, посилни и побезбедни општества.
Повеќе информации на следниот линк