Уште 2 дена до завршување на пријавувањето за ХалкЕко Скопје трча 10км

Сподели

 

Организаторите на десет километарската трка која станува се повеќе популарна помеѓу граѓаните на Скопје, но и цела Македонија, ХалкЕко Скопје трча 10км, најавија дека пријавувањето ќе се затвори на 28 април (петок) или до пополнување на бројката од 1500 учесници.

Оваа трка е втора трка во Македонија, после ВизЕр Скопскиот маратон, која се здоби со меѓународен сертификат од АИМС и Светска Атлетика и сите постигнати резултати и норми ќе бидат признаени од овие меѓународни институции.

 

 

Трката ќе се оддржи на 7 мај со почеток во 9 часот. Стартот и целта на трката е булевар „Илинден“ кај фонтаната „Лотос“, додека патеката ќе биде дел од булеварите „Илинден“ и „Партизански Одреди“. 

При секоја пријава, натпреварувачите го одбраа своето таргет време, кое за колку време мислат дека ќе ја завршат трката. Се замолуваат тркачите да го почитуваат одбраното таргет време, односно промена во друг стартен бокс не е возможно.

Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, ко-организатори се: А.К. Работнички и СК Софка, додека главни покровители Агенцијата за млади и спорт и Град Скопје. Главен партнер е Халкбанк АД Скопје.

Учесниците на трката ќе можат да ги подигнат своите стартни пакети на 5ти и 6ти мај од 11 до 19 часот во СЦ Борис Трајковски, кај влезот спроти лизгалиштето.

За дополнителни информации околу трката можете да најдете на официјалната веб страна skopje.run и на нивните официјални страни на социјалните медиуми: www.facebook.com/SkopjeRun и www.instagram.com/skopjerun/.