Уставниот суд годинава со 41% помали сметки за струја споредено со лани

Сподели

 

Уставниот суд информира дека во текот на септември, октомври и ноември 2022 година одговорно и домаќински работеше придржувајќи се до препорачаните мерки за штедење на Владата во текот на енергетската криза. 

Согласно направената анализа платени се сметки за електрична енергија во износ  кој е за 41% помал од она што е платено лани за септември, октомври и ноември. 

Минатата година Уставниот суд за сметките за електрична енергија издвои околу 436 илјади денари за трите месеци,  годинава за истиот временски период сумата изнесува околу 253 илјади денари. 

 

Напоменуваме дека Уставниот суд не беше опфатен во извештаите на министерот за економија кој изминатиот период информираше за заштедите на електрична енергија во државните институции.