Одлуките за уставните измени и за имплементацијата на Договорот од Преспа и за измените во Уставот (амандманите 33, 34, 35 и 36) на Република Македонија, се веќе објавени во Службен весник, со што тие стапуваат на сила.
Премиерот Заев претходно истакна дека потпис од претседателот Иванов не е потребен и дека веднаш по објавувањето во Службен весник, македонското МНР ќе испрати известување до грчкото МНР.