Утре пороен дожд и невреме

Сподели

Утре ќе биде променливо облачно, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град, најавуваат од УХМР.

Долж Повардарието повремено ќе засилува северен до северозападен ветер. УВ=7

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме.