Утре започнува 23. издание на OFFest

Сподели

Дваесет и третото издание на традиционалниот „Офф-фест“ (OFFest) ќе се одржи од 6 до 9 јуни во Националната опера и балет, МКЦ и во Кинотеката на РС Македонија, со осум концертни настапи и два документарни филма.

Во Националната опера и балет утревечер, фестивалот ќе го отворат две големи имиња на африканската музика: „Бомбино“, еден од најзначајните претставници на прославениот „пустински блуз“, и јужноафриканските ѕвезди „Би-си-ју-си“ (BCUC), познати по импресивните настапи во живо. Предвидени се настапи на холандскиот секстет „Бои Аки“ (Boi Akih), француско-етиописката група „Куту“ (KUTU), гитаристот Виценте Амиго и други.

Целата програма е достапна на следнава врска: Offest 2024