Вакцинација на првите здравствени работници во 10 часот (пренос во живо)

Сподели

 

Денеска, со почеток во 10:00 часот, јавноста ќе има можност да го проследи процесот на имунизација во земјава со вакцинирање на првите двајца здравствени работници од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби.

Првиот ден е предвидено вакцинирање на 260 здравствени работници.

По вакцинирањето, изјава за медиуми ќе дадат министерот за здравство д-р Венко Филипче, претседателката на Комитетот за имунизација проф. д-р Александра Грозданова, како и самите вакцинирани медицински лица.