“Ние сме против оние кои сакаат раздвојување на двете држави, оние кои секако, никогаш не стекнаа моментум или нумеричко мнозинство во Советот, а предлогот го доставија мал број земји – членки и тоа на маргините на нивното основно излагање. За проширувањето на ЕУ, рече дека целта на Грција е да не се граничи со балкански, туку со европски земји, потсети дека поддршката на европската перспектива на Западен Балкан беше одлука на грчкото претседателство во 2003”, – изјави алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис за време на Комисијата за европски прашања во грчкиот Парламент, jави дописничката на МИА од Атина.