Доручек во велеградот
Доручкувам во својот стан со роднина
Вук од зелениот Песок
Тој го лиже медот од голото сечиво
И ми ја открива
Блескавата азбука на своите заби
Вие овде се вртите без глава
Со нозете в џеб
И со рацете в кеса
Ве исечкале спратовите
Не знаете за таван
И за небото над себе
Немате под себе
Ни подрум ни земја
Вие сте овде балвани во воздух