Присила е помалку од една година во нашето прифатилиште и толку време бара дом, пораќаа од ЈП Лајка. Заради нејзиниот прекрасен карактер, мила природа и поради тоа што веројатно била нечиј миленик не е вратена на улица. Она е совршено куче, би била совршена за активно семејство кое сака уникатен миленик кој е мешанец од далматинец, обожава луѓе, деца и одлично би се вклопила во сечија фамилија.
Како и сите наши кучиња така и Присила е стерилизирана, редовно вакцинирана и прочистена од надворешни и внатрешни паразити.
Споделете, за следниот што ќе застане пред нејзиниот кафез да биде нејзиниот човек, љубов и дом.
Затоа што животот е поубав со куче!
ЈП Лајка