“Вдоми” затоа што животот е поубав со куче

Сподели

Денес во нашата кампања и со помош на Сашко Коцев му даваме видливост на Чип, на неговиот кроток карактер и желбата за дом.

Чип е една година во нашето прифатилиште и е задржан бидејќи не се снаоѓа добро на улица за што сведочат раните на неговото лице.

Он е мешанец од питбул, куче кое одлично би се вклопило во дом со дворче и фамилија која сака миленик што не бара огромна физичка активност, изгледа моќно но е со мила природа и како и секое – бара единствено љубов и многу галење.

Како и сите наши кучиња така и Чип е кастриран, редовно вакциниран и прочистен од надворешни и внатрешни паразити.

Споделете, за следниот што ќе застане пред неговиот кафез да биде неговиот човек, љубов и дом.
Затоа што животот е поубав со куче!