„Вечер на осоговски песни 2024“ во Крива Паланка  

Сподели

На летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, вечерва, со почеток од 20,00  часот , ќе се одржи традиционалната манифестација  „Вечер на осоговски песни 2024“.  

Осоговската вечер е посветена на  староградската музика  што ја негуваат друштвата  од земјата и од странство,  со цел зачувување на традицијата и културното наследство. Ќе бидат изведени автентични песни од повеќе региони, посветени на личности и случувања од градскиот  животот и минатото.

Годинешни учесници на оваа традиционална манифестација се: Вокалниот  ансамбл „Еделвајс“ – Ќустендил ,  Бугарија, женската пејачка група „Ѓурѓа“ при Центар за култура Делчево,  Градскиот хор од Штип, „Табиет“ од Свети Николе, Кратовските тамбураши, „Распеани паланчани“ и КУД „8-ми Октомври“ при НУ Центар за култура Крива Паланка. 

Организатор на  „Вечер на Осоговски песни“  е Националната установа Центар за култура од Крива Паланка, со поддршка  на Министерството за култура, а во рамките на „Кривопаланечко културно лето“ и „Крива Паланка-Град на културата 2024“.