Вечерва концерт “Љубов и вино за прегратка” во Public Room

Сподели

 

Четиринаесетти февруари е денот кога се слави Свети Трифун во православието, но и Свети Валентин во римокатолицизмот, додека индустријата го слави денот на вљубените.

И патем, има уште едно верување кога станува збор за 14 февруари, а тоа е дека на овој ден започнува пролетта, не во календарска, туку во психолошка смисла, бидејќи природата некако почнува да се буди, како и љубовта во луѓето.

 

 

Ако сте за љубов и романса, па што може да биде подобро од уживање во нешто што го сакате – музиката? Без разлика на комбинацијата во која се наоѓате со вашите најблиски, концертот е одлична можност да уживате во добра музика и да се дружите.

Ве покануваме заедно да уживаме во безвременските хитови и преубави стихови на петмина фантастични македонски музичари на концертот насловен како Љубов и вино за прегратка.

 

На поткровјето во Јавна Соба во Скопје, вторник од 20 часот ќе настапуваат Јаков Дренковски, Аљоша Симјановски,  Жаклина Стевковска,  Александар Стефановски – Јаблан и Џина Папас- Џокси кои ќе не потсетуваат на незаборавни македонски мелодии, шансони, романси, балади и весели песни, кои припаѓаат на вечни дела за сите генерации.

Билетите се по цена од 400 денари и истите може да се набават онлајн на платформата на Продукција Златен Заб (www.zlatenzab.mk)