По подолго време без никакво соочување на власта и опозицијата, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ бегаше од дебати, вечерва граѓаните ќе имаат можност да гледаат дури три вакви дуели.
Во 20:15 на МТВ 1 ќе се соочат Марјанчо Николов од СДСМ и Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.
Во 20:30 на ТВ Нова соочување ќе имаат Петре Шилегов од СДСМ и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
И во 21 часот на 24 Вести во „24 Анализа“ претседателот на комисијата за енергетика Митко Андреевски ќе се соочи со новиот директор на МЕПСО, Ненад Јовановски.
Во периодот до изборите и МТВ ќе се вклучи со редовни дебати на различни теми секој четврток. Не е познато дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на нив.
Непознато е и дали конечно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по 10 години, конечно ќе се охрабри да излезе на дуел со лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев.