Нова трансфер бомба одекна синоќа во НБА лигата. Двејн Вејд го напушта тимот на Мајами и следната сезона ќе игра во ривалот Чикаго Булс.
Вејд ќе потпише за клубот од родниот град двегодишен договор вреден 47,5 милиони долари.
Со тоа Вејд ја заврши 13-годишната кариера во Мајами Хит, до сега единствениот клуб за кој играше во кариерата.
За да обезбедат доволно пари за договорот на Вејд, Булси го трејдуваа Хозе Калдерон во Лејкерси, а Мајк Данливи во Кливленд.
Булси направија големи промени ова лето, каде замина првата ѕвезда Дерик Роуз во Њујорк, а на позицијата плејмејкер ќе игра Ражон Рондо.
На центарската позиција замина Пау Гасол во Сан Антонио, додека стигна Робин Лопез од Њујорк.
The post Вејд по 13 години замина од Мајами, родниот Чикаго е неговиот нов клуб! appeared first on Спорти.
Source: Sporty