Велигденски концерт на НУ „Охридско лето“ со женскиот хор „Менада“

Сподели

Во организација на НУ „Охридско лето“, а по повод големиот верски празник Велигден, вечерва во црквата „Света Софија“ во Охрид со почеток од 20:00 часот ќе се одржи Велигденски концерт на православна духовна музика со женскиот хор „Менада“ од Тетово, под диригенската палка на професор Ивица Зориќ.

Со овој концерт се заокружува програмата која веќе трета година НУ „Охридско лето“ ја реализира надвор од традиционалната фестивалска рамка 12 јули- 20 август.