Вело Марковски ќе поднесе своја кандидатура на претстојните претседателски избори

Сподели

 

На 19- октомври Проф. д-р Вело Марковски ќе ги објави своите намери за поднесување на своја кандидатура на претстојните претседателски избори.

“Вечната борба на нашиот македонски народ во справување со светските предизвици како што се човекови права, болести, војни, корупција, лажни вести итн., ме мотивираат да се вклучам во широка општествена активност.

Секој патриот си ја сака татковината. И секој граѓанин е патриот. Затоа не може да седиме и да гледаме како Македонија ни тоне во хаос. Болното здравство ги зема животите на нашите луѓе. Корупцијата ги брка младите надвор од државата. Со лажните вести ни ја уништуваат самосвеста, а незнаењето, безидејноста  и алчноста на политичките елити го турна народот во колективна депресија.

Македонија мора да се етаблира во светските токови како Држава со самосвесна внатрешна и надворешна политика во интерес на сите македонски граѓани. Македонскиот народ мора да се ослободи од партиското ропство кое го спроведуваат функционерите кои не се способни на луѓето да им понудат чесен граѓански концепт на почитување на нивните економски, здравствени и политички права”, напиша Проф. д-р Вело Марковски.

Воедно, Проф. д-р Вело Марковски ќе ја промовира својата веб-страница velomarkovski.mk во која се содржани неговите досегашни општествени активности.