Денеска присуствував на симулацијата на гласачкиот ден организиран од Државната изборна комисија. Можам да заклучам дека гласањето ќе биде безбедно и согласно протоколите на Комисијата за заразни болести. Симулацијата потврди дека може да се гласа без ризик за гласачите.
✅ Според протоколот за гласање најпрвин полицијата на влезната врата од гласачкото место бара гласачите да стават заштитна маска.
✅ По влегување во објектот, ред за гласање се чека на дистанца.
✅При влегување во просторијата, гласачот прво ги дезинфицира рацете, ѝ ја подава личната карта на изборната комисија. Накратко, ја симнува маската за идентификација, гласа и на излегување повторно ги дезинфицира рацете.
✅ Во просторијата за гласање не може истовремено да има повеќе гласачи од вкупниот број паравани за гласање.