Денеска, 18 септември, околу 10.00 часот во СВР Скопје добиена е пријава од Клиниката за кардиохирургија, дека С.Ј. (вработен во клиниката) вербално нападнал медицинска сестра, а потоа физички го нападнал М.Ш. (директор на клиниката), по што ја напуштил клиниката и самиот се пријавил во ПС Центар. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Нашата редакција, denesmagazin.mk го контактираше С.Ј. вработен во клиниката и бивш директор на Клиниката за кардиохирургија, при што тој демантираше:
-“По самата смена на моето директорско место на Клиниката, се соочувам со секојдневен мобинг од страна на сегашното раководство на клиниката кое го постави министерот за здравство Меџити. Денес, при вербалната комуникација на посочената медицинска сестра која секојдневно е пријавувана од персоналот на клиниката дека врши притисок и навредува, бев принуден да ја пријавам кај дирекотрот при што тој не сакаше да преземе мерки и видно вознемирен со очилата-лупата која ја држеше во раце, ме повреди во делот кај окото, за што имам извршено преглед што е и документирано, за потоа да примам притисоци и да морам да примам терапија за хипертензија. Сето ова укажува на тоа дека самото мое присуство во клиниката некому смета. И сакаат да се повлечам од моето работно место за да оставам простор на политички полтрони”, – изјави С.Ј. од Клиниката за кардиохирургија.
” Вистина во изнесеното е дека самиот пријавив во ПС Центар, – додаде кардиохирургот С.Ј.”
denesmagazin.mk