Верниците од муслиманската веросиповед денеска го слават празникот Курбан-бајрам.
Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз, почнува тридневна прослава, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан.
Курбан-бајрам се одбележува 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр-бајрам, а го означува денот кога е комплетиран светиот Куран.
Поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, реис ул улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, по повод Курбан-бајрам упати порака и честитка до муслиманските верници.
Честитка до муслиманските верници и до поглаварот на Исламската верска заедница упати и претседателот Ѓорге Иванов.
„Муслиманите низ светот го слават „празникот на жртвата“ како ден кога благосостојбата ѝподава рака на сиромаштијата, помагајќи и споделувајќи со семејството, пријателите и со сиромасите, нагласувајќи ги сите човечки доблести. Честитајќи Ви го празникот Вам и на сите верници од исламска вероисповед, Ви посакувам благосостојба и мир во Вашите домови и во домовите на Вашите блиски“, пишува во честитката од претседателот Иванов.
Првиот ден на Курбан-бајрам, 12 септември, е неработен ден за верниците од муслиманската вероисповед во Република Македонија.