Верушевски до Иванов: Моето влијание во службите никогаш не било поголемо од денес

Сподели

340668-ukinat-pritvorot-za-zoran-verushevski

Моето влијание во разузнавачките служби никогаш не било поголемо од денес, стои во реакцијата на поранешниот директор на Упрвата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски на изјавата на претседателот Иванов дадена во дел од интервјуто за „Дневник“.

“Хорхе во „Дневник” ме споменува – би сакал да му одговорам со една реченица: Иванов ја лаже домашната и меѓународната јавност – јас признавам дека денес моето влијание во разузнавачките служби никогаш не било поголемо од првиот септемвриски ден во 1981 година кога започнав со разузнавањето”, вели Верушевски во изјавата дадена преку неговиот адвокат Филип Медарски.

Иванов во интервјуто вели дека целокупниот систем на разузнавачките служби бил тектонски нарушен од активностите на Верушевски и неговата група.

„Но го издржавме тој удар и следуваат реформи во тој сектор. Мигрантската криза беше и шанса да ги видиме капацитетите со кои располагаме во овие служби, сега откако Верушевски не е влијателен таму“, вели Иванов во интервјуто.

Зоран Верушевски е обвинет во случајот „Пуч“, заедно со лидерот на опозицијата, Зоран Заев и уште две лица.