Веруваме дека ќе се изнајде конструктивно решение за спроведување на пописот

Сподели

 

Одговори на новинарски прашања, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

Медиуми: Повторно беше прекината расправата за пописот што е во Комисијата за европски прашања, кои се причините?

Знаете дека денешниот ден во Собранието ни беше со поприлично набиена агенда. Верувам дека од таа причина, особено поради Комисијата за избори и именувања која што е од суштинска важност во однос на реформите во медиумите кои што се започнати, веројатно од таа причина беше одложена седницата.

 

Медиуми: Прекината беше на барање на опозицијата која има различни статови во однос на Законот за попис, има и работни групи, до каде се работните групи и има ли усогласеност?

Јас сум секогаш оптимист. Во Собранието, како пратеници кои што одлучуват согласно сопственото убедување, верувам дека во рамки на пратеничките групи може да се изнајде решение кое што ќе биде конструктивно, кое што ќе биде во интерес на државата, особено во интерес на спроведувањето на попис, кој што знаеме дека 16 години не се спроведува, заради политички калкулации во нашата држава. Оптимист сум дека ќе се изнајде решение и конечно после 16 години ќе го спроведеме пописот како неопходна операција која што мораме да ја спроведеме во интерес на развојот и напредокот на нашата држава, секако и општините во неа.