Веселницкаја: немав никаква информација за Клинтон

Сподели

Руската адвокатка Наталија Веселницкаја која во јуни лани се сретна со синот на претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека не му дала никаква компромитирачка информација за кандидатката на демократите Хилари Клинтон. Тоа е во спротивност со мејлот на Доналд Трамп Јуниор во кој се потврдува дека му била понудена „чувствителна информација“ за Клинтон.

Весникот „Њујорк тајмс“ објави дека Трамп Јуниор пред да се состане со руската адвокатка бил информиран преку мејл дека ветениот материјал за Клинтон бил дел од напорите на руската влада да му помогне на неговиот татко во претседателската кампања.

РСЕ