На денешен ден пред точно 29 години, на 30 април 1993 година, југословенската тенисерка Моника Селеш беше нападната и прободена со нож во четвртфиналниот натпревар на турнирот во Хамбург против Магдалена Малеева.
Напаѓачот, Гинтер Пархе, навивач на ривалката Штефи Граф, истрча на теренот на паузата меѓу гејмовите и ја повреди тенисерката која беше незапирлива до тој момент во светскиот тенис.
Последица на тоа беше раната длабока четири сантиметри (можеше да биде и полоша) од која Моника Селеш се опорави, но психолошките проблеми предизвикани од овој напад никогаш не исчезнаа.
Таа до тој момент освои девет Грен слем титули, а само една после тоа. Оваа случка засекогаш ја промени историјата на женскиот тенис, а целиот свет беше во шок.
Мотивот за нападот на тогаш 19-годишната тенисерка беше желбата да се врати Штефи Граф на првото место, што доволно говори за лудилото на Пархе.
Пархе помина шест месеци во притвор чекајќи ја пресудата, а подоцна беше осуден на само две години условна казна со задолжително лекување, откако беше утврдено дека е психички нестабилен.
An intense SI cover showing tennis great Monica Seles after being stabbed in the back by an obsessed Steffi Graf fan during a match in Hamburg, Germany 29 years ago today, April 30, 1993. Seles recovered, but was never the formidable player she had been before the attack. pic.twitter.com/OObZfBjxMm
— Boston Radio Watch, Part 2 (@bostonradio2) April 30, 2022
Моника Селеш е родена во Нови Сад на 2 декември 1973 година. Во 1990 година таа стана најмладата победничка на Ролан Гарос во историјата, имаше само 16 години, а во кариерата освои десет Грен слем титули.
Селеш потоа зеде америчко државјанство во 1994 година, а по враќањето на теренот по нападот освои само една Грен слем титула.
Моника во кариерата има освоено 53 титули.
The post (ВИДЕО) 29 години од ужасот во Хамбург – Малато Мо беше незапирлива, а потоа фан на Граф ја нападна и ја уништи нејзината кариера! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico