ВИДЕО: Една слика во вилата на принцот вреди повеќе од цел Њукасл – Ова е дворецот на најмоќниот човек во фудбалот!

Сподели

Мохамед бин Салман стана најмоќната личност во светот на фудбалот со одлуката да го купи англиски Њукасл.

Богатиот саудиски принц, покрај фудбалскиот клуб, ја поседува и најлуксузната и најскапата куќа на планетата. Тој во 2015 година купи величенствен замок вреден 270 милиони евра, што се речиси колку парите што ги даде за купување на Њукасл, за кој плати 350 милиони евра.

Замокот Луј XIV, кој е завршен во 2011 година е изграден во стилот на француските замоци од 17 век, а целиот имот се протега на речиси 5.000 квадратни метри.

Винарска визба, внатрешни и надворешни базени, еден специјален со големи риби, ноќен клуб, соба за медитација и релаксација, кино, терен за сквош, соба за аквариум…

Куќата е полна со скапоцени уметнички дела, а се издвојува сликата на Леонардо Да Винчи „Salvator Mundi“ вредна 400 милиони евра, што значи дека платил повеќе од клубот.

Исто така, замокот има десет луксузно дизајнирани спални соби, насликана купола, библиотека и винарска визба со повеќе од 3.000 шишиња, огромна сала за бал и други свечености.

Како изгледа се, погледнете детално во следното видео…

The post ВИДЕО: Една слика во вилата на принцот вреди повеќе од цел Њукасл – Ова е дворецот на најмоќниот човек во фудбалот! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico