Екипата на ТВ21 има ексклузивни снимки од акцијата која ја спроведе МВР заедно со лица од Министерството за здравство.
Министерот Венко Филипче потврди дека двајцата пациенти се во хотелската соба и со нив во тек е интервју. Земени се брисеви и за неколку часа резултатите ќе бидат готови.
Едниот е од Сингапур, другиот од Австралија и во Македонија стасале со авион од Келн, Германија.
Извор:ТВ21