Видео како Боки 13 и Кичеец земаат пари од Камчев

Сподели

 

Италијанскиот весник „Ла Верита“ (La Verita) објави видео и аудио снимки од осомничените во „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, како излегуваат со торба полна пари од домот на бизнисменот Орце Камчев.

https://youtu.be/8s4fMxpiYWY

 

“Од понеделник, најдоцна вторник си на слобода. Катица нема да се жали. СЈО нема да преземе никакви правни лекови”, му вели Боки 13 на Орце Камчев.

Бојан 13: Во понеделник ќе ве ослободат
ЈК: Добро
БЈ: Вторник најкасно веројатно.Врховен ќе ве ослободи.
ЈК: Врховен, не може да дојде до врховен до понеделник
БЈ: Да, тогаш ќе дојде. Нема да употреби СЈО вонредни правни лекови, нема ништо да употреби
ЈК: А Апелација?!
БЈ: Па Апелација ќе ве одбие. Вие се жалите во Апелација, да бидете спремни. Врховен се жалите, како втор спремен. Начелното правно лице и советот се повикува автоматски. Нема да употреби Катица никакви вонредни правни лекови да го прoдужува, да го удолговлекува, понеделник вторник вие сте на слобода.