Фудбалската репрезентација на Македонија е поразена е Иран со 3:1 во контролниот, пријатeлски меч одигран на арената „Филип Втори во Скопје.
Гостите од Иран ги предводеше Сардар Азмоун кој постигна хет-трик, првиот уште во 8-та минута за предност на гостите од 1:0, а две минути подоцна Александар Трајковски го израмни резултатот на 1:1.
Во 20-тата минута одново на сцена стапи Азмоун, па со својот втор гол одново и донесе предност на селекцијата на Иран, резултат со кој заврши првиот дел.
Во второто полувреме уште еднаш Азмоун ја затресе мрежата на Македонија и тоа во 60-та минута, поставувајќи го и конечниот резултат на овој меч Македонија – Иран 1:3.
До крајот, Иран имаше можност и за поубедлива победа, но Столе Димитриевски се истакна со неколку добри интервенции.
Двете контролни средби со Азербејџан и Иран, беа дел од подготовките за престојните квалификации за пласман на СП што ќе се игра 2018 година во Русија.
Македонија е во група со Шпанија, Италија, Израел, Албанија и Лихтенштајн.
За сите оние кои го прошуштија натпреварот во Скопје, еве што се случуваше…
[youtube https://www.youtube.com/watch?v=LEmkbmsEsxM]
The post Видео: Македонија им се врати брзо на поразите, на Филип 2, пораз од Иран! appeared first on Спорти.
Source: Sporty