Поранешниот француски кошаркар Тони Паркер (39) реши да ја продаде вилата во Тексас, во која живееше додека играше за Сан Антонио Спарс 17 години (2001-2018).
Живеејќи во луксузен дом, изгради една од своите најголеми кариери, освои четири титули во НБА лигата, беше МВП на финалето во 2007 година, а по пензионирањето во 2019 година се врати во Франција, сопственик e на клуб од Евролигата, каде што тренер е неговиот брат.
Откако бизнисот го преселил во Европа, Паркер одлучил дека повеќе не му треба вилата, па преку агенција ја објавил нејзината продажба за вртоглава цена од 19,5 милиони долари.
Рекламираната куќа е детално прикажана и одвнатре и открива луксуз, гламур, како и сала која се простира на 550 квадратни метри и во која закачи вредни спомени – дресови на НБА легендите кои ги запознал на теренот.
На имотот на Паркер има и лозје, бидејќи тој е страствен љубовник на виното. Така, во рамките на вилата направил визба со контролирана температура во која чува и до 1.500 шишиња.
Огромната бања е направена од мермер и е дизајнирана како спа центар што го комплетира целосниот впечаток на вистински гламур.
Покрај петте спални соби во централниот дел, има уште четири во делот наменет за гости, со посебна кујна, гаража …
The post ВИДЕО: НБА легендата ја продава вилата во која живееше со Ева Лонгорија – Има воден парк, виноград, сала…. appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico