(ВИДЕО) Нема да се вози трката во Формула 1 во Имола – Поплавите во Италија ја откажаа, а има и загинати!

Сподели

Loading

Трката во Формула 1 за Големата награда на Италија на легендарната Имола беше откажана поради поплавите кои го зафатија тој дел од Италија.

фото: MAZZA/FOTOGRAMMA / ZUMA PRESS / PROFIMEDIA

На членовите на тимовите претходно им беше кажано да останат колку што е можно подалеку од патеката во Имола, откако поплавите погодија делови од Емилија Ромања.

Некои жители на тој град биле предупредени да се преселат на повисоките катови од нивните куќи. Веднаш до патеката тече реката Сантерно.

Властите на провинцијата Форли-Чезена, лоцирана во Емилија Ромања, соопштија дека во поплавите загинале 13 лица.

„Голема трагедија е да се види што се случи со Имола и Емилија Ромања, градот и регионот во кој пораснав, а моите мисли и молитви се со жртвите од поплавата“, рече извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали.

Еден од најдобрите тимови во Формула 1, Ферари донираше еден милион евра. Над 400 куќи се оштетени во поплавите, а неколку илјади луѓе се евакуирани од погодените места. Трката во Имола требаше да се вози денеска.

Во генералниот пласман води возачот на Ред Бул, Макс Верстапен со 119 бодови, додека неговиот тимски колега Серхио Перез е втор со 105 бодови.

Ова е втора Формула 1 трка оваа сезона која е откажана. Големата награда на Кина, која беше планирана за април, беше откажана во декември поради ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирус.

Шампионатот во Формула 1 продолжува на 28 мај со Големата награда на Монако низ улиците на Монте Карло.

The post (ВИДЕО) Нема да се вози трката во Формула 1 во Имола – Поплавите во Италија ја откажаа, а има и загинати! first appeared on .

Powered by WPeMatico