ВИДЕО: Скандалозни луди сцени на француското дерби – Навивач влета на теренот и почна да го брка Меси!

Сподели

Се одигра дерби натпреварот од француското првенство помеѓу Марсеј и ПСЖ.

Средбата на лутите ривали секогаш предизвикува искри и на теренот и надвор од него. Тоа не изостана ниту овој пат.

Немаше голови, но имаше се останато. Првото полувреме го одбележаа поништени голови. Прво автогол, кога ПСЖ требаше да поведе. Сепак, Нејмар претходно беше во офсајд, поради што парижаните не стигнаа до водство.

Набргу потоа Аркадијус Милик ја затресе мрежата на гостите, но ниту тој гол не беше признат по ВАР-снимката.

Што се однесува до второто полувреме, во 74. минута, натпреварот беше накратко прекинат откако еден навивач влета на теренот.

Нападот на ПСЖ беше опасен, но мораше да се прекине, што го налути Меси. Службата за безбедност реагираше брзо и го исфрли навивачот од теренот.

The post ВИДЕО: Скандалозни луди сцени на француското дерби – Навивач влета на теренот и почна да го брка Меси! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico